Фудбал
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Финска на пенали
25.03.2023 22:17
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Финска по подоброто изведување на пенали, на Меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023“.

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Финска по подоброто изведување на пенали, на Меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023“.
Во основните 90 минути немаше победник, резултатот беше 1:1. Младиот голман на Академија Пандев, со два одбранети удари од белата точка, ни донесе победа во рулетот со 5-4.
Следен меч на Македонија во овој циклус од три е против Словачка, домаќинот на следното Еуро 2025 за фудбалери до 21 година во вторник.
