Расте интересот за згрижувачки семејства во државата
Министерството за труд и социјална политика, планира да ја продолжи кампањата за згрижувачки семејства со цел вакви семејства да има во речиси секој град. Во земјава регистрирани се 358 згрижувачки семејства а во Струмица 17 функционираат, а пет ја поминале обуката за да згрижат дете без родителска грижа...

Вкупно 578 деца без родителска грижа се сместени во згрижувачки семејства откако Министерството за труд и социјална политика ја интензивираше кампањата. Во државата има 358 згрижувачки семејства вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска која подвлече дека благодарение на кампањата расте интересот и во Струмица.
Од Mинистерството соопштуваат, дека има посебна платформа каде заинтересираните семејства може да ги добијат сите потребни податоци, во врска со згрижување на деца без родителска грижа. Министерката Тренчевска кажа дека кампањата повторно ќе ја актуализираат со цел згрижувачки семејства да има во секој град.
Социјалната услуга за згрижување на деца, изнесува од 6 до 18 илјади денари месечно, за дете во зависност дали тоа е сместено во општо или роднинско згрижувачко семејство и бројот на децата што ќе бидат згрижени. Износот е малку поголем доколку станува збор за деца со посебни потреби.
Ване Трајков
