Временска прогноза

Сончево време со мала до умерена облачност

26.03.2023 08:12

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој во должина на Повардарието на некои места ќе засилува...

Денеска нè очекува сончево време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој во должина на Повардарието на некои места ќе засилува.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.