210 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
