Со користење на стручни асистенти граѓаните можат да го избегнат сомнежот кај осигурителните компании
Според експертите при штета полисираните премии ќе ја добијат реалната штета и ќе се намали бројот на приговори и судски парници најдобро кога осигурените ја користат алатката стручен асистент...

Според статистиката на агенцијата за супервизија на осигурувањето, лани во однос на претходната година, исплатени се 20 проценти повеќе средства за полисираните премии за автоодговорноста, каското и останатите имотни осигурувања. Иако бројките говорат дека има придвижување во однос на правилната поценка на штетата или повредата граѓаните тешко го менуваат мислењето од минатото дека во првичните процени на штетата осигурителните компании се трудат да го одредат најнискиот износ.
Ставот на осигурителните брокери е дека осигурениците имаат некои основни познавања но не се запознати со општите и посебните услови каде се наведени сите елементи за утврдување на обемот и основот за соодветната штета.
Поповски вели, радува фактот што се зголемува користењето на алатката стручен асистент. Резултатот е побрзо и поправично решавање на еден штетен настан.
Со ваквиот пристап обемот на работа е зголемен за седум проценти, што за осигурителните компании како „фит бек“, носи поголем број на клиенти бидејќи правилната исплата на штета е нивната најголема реклама.
Стевче Митревски
