Русија
Путин: Москва ќе распредели нуклеарно оружје во Белорусија
26.03.2023 09:30
Русија најави распределување на нуклеарно оружје во Белорусија...

Претседателот на Русија Владимир Путин, најави дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.
„САД го прави тоа веќе со децении. Одамна распоредуваат нуклеарно оружје во своите сојузници“, потенцира шефот на Кремљ.
На трети април почнуваат да го обучуваат екипажот, и на први јули ќе бидат изградени посебните магацини за тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија. Според Путин, оваа одлука е поттикната од подготвеноста на Лондон да испрати во Украина оружје со осиромашен ураниум.
