Трамп: Ме прогонуваат со сталинистички методи
За него се води истрага од обвинителите на Менхетен, за евентуално кршење на законите за финансирање на кампања, бидејќи поткупил порно актерка за да не биде обелоденета нивната врска во пресрет на претседателските избори во 2016 година...

„Ме прогонуваат со сталинистички методи“, заклучи поранешниот американски претседател Доналд Трамп на првиот предизборен митинг во Тексас.
За него се води истрага од обвинителите на Менхетен, за евентуално кршење на законите за финансирање на кампања, бидејќи поткупил порно актерка за да не биде обелоденета нивната врска во пресрет на претседателските избори во 2016 година.
Специјален истражител од Министерството за правда, ги истражува наводите дека скрил доверливи документи со намера да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година. Во борбата за републиканската номинација би можел да има тежок противник во гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, новиот шампион на екстремната десница.
