Израел

Масовни протести против судската реформа во Израел

26.03.2023 09:40

Револтот кулминира по објавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека активно ќе се вклучи во спроведувањето на реформите независно од судските процеси за корупција...

Продолжуваат масовните протести на израелските граѓани против најавената реформа во судството поддржана од владиниот кабинет.

Револтот кулминира по објавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека активно ќе се вклучи во спроведувањето на реформите независно од судските процеси за корупција што се водат против него. Стотици припадници на Армијата и на различните резервни состави планираат да не се јавуваат на повиците за должност, а дел од нив веќе ја бојкотираа службата.