Тетово

Градскиот плоштад во Тетово ќе добие нов лик

26.03.2023 10:59

Градскиот плоштад кој е запоставен со дотраени и искршени клупи и канти со отпадоци, без никаква урбана опрема ќе добие нов лик, посочија градските власти. Се кројат краткорочни и долгорочни решенија...

Искршени клупи и канти за отпадоци, без доволно зеленило, целиот поплочен со бехатон. Вака изгледа градскиот плоштад во Тетово, кој е меѓу ретките слободни површина во градот. Центарот е белег на секој град, но за него никој не води грижа се жалат тетовци.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вели, се работи на идејни краткорочни и долгорочни решенија, градскиот плоштад да добие нов лик.

И останатиот дел од централното градски јадро е запоставено. Градскиот трговски центар лоциран веднаш до плоштадот е како хорор-филм. Нечистотија, искршени локали каде има купишта смет. Ретко кој се осудува да ги посети горните катови од овој објект кои често се користат и за разни девијантни појави.

 

Зоран Димовски