Останати спортови

Гимназијалците спортски активни

08.05.2014 14:47

Во наредните три дена ќе се изброи 9-тата спортска ”Гимназијада“, чии активности ќе бидат претставени преку 6 спорта: атлетика, фудбал, мал фудбал, ракомет, кошарка и одбојка, сите во обете конкуренции.

Охрид е градот домаќин каде што ќе бидат собрани над 1000 гимназијалци од цела Македонија, распоредени во 60-тина екипи. Организаторската улога ја има Федерацијата на училишен спорт на Македонија со локална поддршка на сојузот на спортови на Охрид.

Министерството за образование и наука ја има функцијата на покровители на настанот, за кој министерот, Спиро Ристовски вели-”Гимназијадата е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети. Министерството за образование и наука уште од самиот почеток на овој проект дава поддршка за негова реализација.„

Поддржувач на игрите е секако Агенцијата за млади и спорт, а нејзиниот прв човек Маријан Спасески потенцира пак, дека ”Без сомнение, училишниот спорт се наметна како важна алка во спортскиот мозаик во нашата држава и е вистинска база за развој на врвниот спорт.“

Наградата за најуспешните ќе биде во практичен облик, седум дневни летни кампови.