Дипломатскиот кор на Р.С.М утре на традиционален „НАТО појадок“
Со цел одбележување на почетокот на деновите на НАТО во Северна Македонија, Министерството за надворешни работи, во Клуб на пратеници ќе организира традиционален „НАТО појадок“, со учество на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија...

Со цел одбележување на почетокот на Деновите на НАТО во Северна Македонија, Министерството за надворешни работи, на 27 март, во 9 часот, во Клуб на пратеници ќе организира традиционален „НАТО појадок“, со учество на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.
Настанот се одржува на три годишнината од нашето членство во НАТО Алијансата, што е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.
На настанот, освен домаќинот, министерот Бујар Османи, ќе учествува и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, стои во соопштението од МНР.
