Здравство

Итната медицинска помош во Скопје со многу повици, а малку тимови

26.03.2023 15:43

Околу 400 пати за 24 часа, ѕвони телефонот во Итната медицинска помош во Скопје. Лекарите се трудат да ги смират загрижените роднини, кои бараат помош...

Околу 400-ни пати за 24 часа, ѕвони телефонот во Итната медицинска помош во Скопје. Лекарите се трудат да ги смират загрижените роднини, кои бараат помош за своите блиски кои се во критична состојба или во моментот им се слошило.

Многу повици, малку тимови.

Во просек медицинските екипи имаат и до 120 интервенции на терен.

Единственото место каде што веќе подолго време се носат итните случаи е, Ургентниот центар на болницата 8-ми Септември. Ако треба пациентот да го однесат во некоја од клиниките, екипата е со пациентот додека се вршат испитувањата и по три-четири часа, со што веќе недостига еден тим за други повици. Пред триесет години, Итната медицинска помош на град Скопје била со речиси двојно повеќе екипи и возила.

 

Наташа Јанчиќ Менковски