Посета

Австрискиот претседател Белен во посета на Западен Балкан

26.03.2023 16:03

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен во вторник ќе допатува во Македонија, во рамки на неговата четиридневна посета на Западен Балкан...

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен во вторник ќе допатува во Македонија, во рамки на неговата четиридневна посета на Западен Балкан која ќе почне денеска во Албанија. Тој ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, министерката за правда Алма Задич и економска делегација со претставници на 30 австриски компании.

Првата фаза од посетата ќе биде во Албанија, а во вторник австриската делегација ќе замине за Македонија. Александар ван дер Белен сака да ја „отвори вратата“ за австриските бизниси во двете земји кандидати за членство во Европската Унија, се потенцира во кусото соопштение за медиумите.