Дабиќ: Дипломатијата е сосема изолирана од процесите
Македонската дипломатија е на колена-порачаа поранешните амбасадори на панелот на опозицијата, тврдат, владее непотизам и недостиг на стратегија. Ѓорчев, Милошоски и Дабиќ, укажаа и на недостигот од повратни информации од нашите економски промотори во странство...

Македонската дипломатија е киднапирана од власта рече синдикалецот Зоран Дабиќ на трибината на која се актуализираше состојбата во дипломатијата којашто е на најниско можно ниво досега. И додека во кабинетот на министерот има паралелна структура, дипломатите се маргинализираат како обични службеници истакна Дабиќ потенцирајќи ги актуелните: договорот за добрососедство со Бугарија и францускиот предлог. Според него дипломатијата не можеше да ги надмине недоразбирањата и да ја покаже својата умешност.
„Дипломатијата немаше прилика за тоа. Ние буквално дознававме од весници. Дипломатијата е сосема изолирана од процесите. Кога доаѓа посета во МНР ние имаме насоки да не се движиме по ходниците. Вие перцепцијата за дипломатијата ја креирате од се“, изјави Дабиќ.
Поранешниот амбасадор во Софија Ѓорчев вели дека ако нестандардните, сепак постојат алатки кој т.н. јавна дипломатија требаше да ги употреби за да го култивира јавното мислење кај источниот сосед со кој ќе се креираат стратегии за надминување на прашањето. Виртуелна измислица на Владата е дека ВМРО-ДПМНЕ има антиевропски ставови вели Ѓорчев.
„Тие кои наводно се залагаат за Европа, прифаќаат предлози кои се антиевропски, затоа што Европа се залага за единство на различностите. Европскиот пакт ја негира македонската различност, со самото тоа што го прифаќа она со што Бугарија ја негира македонската самобитност“, рече Ѓорчев.
За поранешниот шеф на дипломатијата Милошоски, многу повеќе е отворените прашања да се решаваат со легитимитет даден од граѓаните на избори, наместо да се туркаат закони со европско знаменце а се однесуваат на игри за среќа.
„Ние проевропските ставови ги учиме од Данска и Шведска. Доколку најавите измени на Уставот, задолжително е да одите на избори, да го претставите тоа прашање или проблем, со цел добивање демократски легитимитет и во следниот парламентарен состав да дискутирате на таа тема“, изјави Милошевски.
Учесниците на трибината посочија и на партизација, непотизам како и за целосна негрижа за објектите на МНР.
Марина Стојанова Тонева
