МНР

Реакција на МНР за ставовите на опозицијата

26.03.2023 16:29

Министерството се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишно нестручно работење и партизираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководеа кадри од ВМРО-ДПМНЕ, велат во Министерството...

Министерството се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишно нестручно работење и партизираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководеа кадри од ВМРО-ДПМНЕ, велат во Министерството.

Оттаму посочуваат, со партиска трибина, тие уште еднаш на јавна сцена ја видовме штетата која оваа партија ѝ ја нанесе на дипломатијата преку партизацијата на министерството токму за време на министерувањето на лицата од трибината.

Поранешниот амбасадор Дабиќ, кој според информациите на МНР заминал во пензија само пред неколку дена со учеството на, како што велат, партискиот собир, го потврдил неговото делување, мотивирано само од партиски и политички, а не и од професионални цели, реагира МНР.