Бранителите од конфликтот во 2001 година, сè уште чекаат обесштетување за инвалидитетот
И над две децении не се решени правата на некои од припадниците на македонски безбедносни сили, учесници во конфликтот во 2001-та. Бранителите бараат обесштетување за инвалидитетот и за семејствата на загинатите. За законот за нив треба да се разговара во Собранието...

40 тина семејства на починати и ранети бранители од конфликтот во 2001-та сè уште чекаат на обесштетувањето од државата. Ацо Стојановски е еден од воените инвалиди кој пред 22 години, се здобил со тешки повреди при конфликтот во селото Радуша, каде бил дел од полициската единица. Револтиран од односот на власта, бара бранителите веднаш да си го добијат заслуженото.
ВМРО ДПМНЕ до Собранието, неделава ќе достави измени на законот за обесштетување на бранителите од 2001 година. Претседателот на партијата достоинство Стојанче Ангелов, кој е дел од владиното мнозинство, тврди дека добил уверување од сите политички партии и од премиерот Ковачевски дека ќе имаат поддршка за законските измени со кој ќе се надмине предизвикот.
Пред споменикот на бранителите во Скопје се одбележаа 22 години од оружените борби, со кои македонските безбедносни сили изутрината на 25 март 2001, го ослободија тетовското Кале. Свежо цвеќе положија претставници од кабинетот на претседателот Пендаровски и од Владата, министерот за внатрешни Спасовски и делегации на политички партии.
Викторија Милевска
