МВР
СВР Штип: Санкционирани 19 возачи кои возеле под дејство на алкохол
26.03.2023 18:39
Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, во контролите беа санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол...

Синоќа во периодот од 23 до 05 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, во контролите беа санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да обезбедиме побезбеден сообраќај, стои во соопштението од МВР.
