Русија
Дрон полн со експлозив предизвикал експлозија во Киријевск
26.03.2023 19:43
Според властите, дрон ја предизвикал експлозијата притоа повредувајќи тројца во градот што се наоѓа во регионот Тула, околу 300 километри од руско-украинската граница...

Заглушувачка експлозија направи огромен кратер и оштети згради во рускиот град Kиријевск.
Според властите, дрон ја предизвикал експлозијата притоа повредувајќи тројца во градот што се наоѓа во регионот Тула, околу 300 километри од руско-украинската граница и 175 километри јужно од Москва. Засега нема информации за потеклото на беспилотното летало.
