Презентиран водич за здрава исхрана на населението

08.05.2014 15:00

Водичот ги содржи основните и најважни препораки за исхрана со цел промоција на подобро здравје, како и предупредувања за ризиците поврзани со консумирање определена храна.

Министерстовото за здравство го промовираше водичот за исхрана на населението. Препорки за поздрав живот и спречување на низа болести според сите научни критериуми за правилна исхрана, наспроти последните податоци дека 60-тина насто од мажите страдаат од дебелина, а речиси 50-тина насто од жените.

Водичот ги содржи основните и најважни препораки за исхрана со цел промоција на подобро здравје, како и предупредувања за ризиците поврзани со консумирање определена храна.

Министерот за здравство, Никола Тодоров истакна дека Водичот за исхрана претставува базичен документ, кој првпат е изготвен во таква форма и денеска е објавен и на веб страницата на Министерството како драфт документ за јавна расправа, со можност да се дополнува и надградува со искуства и ставови од стручната јавност, невладиниот сектор и граѓаните, кои имаат можност да придонесат за зголемување на здравствените придобивки на населението. Крајната интенција, како што рече, е за десетина дена да имаме финален Водич.