Ракомет

Составот на Вардар 1961 го победи ривалот Е. Пелистер

26.03.2023 21:15

Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига составот на Вардар 1961 на домашен терен во Скопје со 31:24 славеше над директниот ривал за шампионската титула, Еурофарм Пелистер...

Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига составот на Вардар 1961 на домашен терен во Скопје со 31:24 славеше над директниот ривал за шампионската титула, Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер водеше неколку пати минимално во првите 10 минути. Дуелот Вардар-Еурофарм Пелистер уште во првата фаза имаше прекин, при 6-6, во 17 минута, на теренот во СЦ „Јане Сандански“ настана хаос. По скоро половина час прекин, продолжи натпреварот, а првиот гол во продолжението го реализираше Каспер Кисум за ново водство на Еурофарм Пелистер од 7:6.

Вардар и Еурофарм Пелистер ги чека уште една битка за титулата на домашната сцена во Битола, а исто така тука е и Купот на Македонија.