Одбележување на годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО
Македонија одбележува три години од членството во НАТО. По 20 години, остварена една од главните стратегиски цели. Свеченоста ќе се одржи во касарната „Илинден“…

Во Касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи свеченост по повод одбележување на 3-годишнината од пристапувањето на Северна Македонија во Северно-атлантската Алијанса.
На одбележувањето свое обраќање ќе имаат Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По обраќањата ќе следуваат показни вежби на припадниците на Армијата.
На свечениот настан ќе присуствуваат претставници од Кабинетот на врховниот командант на Армијата и Претседател на Република Северна Македонија, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од воено дипломатскиот кор акредитиран во нашата земја и други гости.
