ЗНМ

ЗНМ денеска ќе ги додели годинешните награди

27.03.2023 09:03

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе ги додели годинешните награди за новинари во три категории...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе ги додели годинешните награди за новинари во три категории. Доделувањето ќе започне во 12 часот во Мала Станица.

Ќе бидат доделени награди во категориите: за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.