Свет
Масовни протести во Израел
27.03.2023 09:34
Десетици илјади Израелци излегоа на улиците, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху ги смени министерот за одбрана Јоав Галант...

Десетици илјади Израелци излегоа на улиците, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху ги смени министерот за одбрана Јоав Галант, набргу откако тој се побуни против контроверзниот план за реформирање на судскиот систем.
Израелскиот претседател, Исак Херцог, ја повика владата да запре со најавените реформи, кои, меѓу другото, ѝ даваат целосна контрола врз комитетот кој назначува судии. САД изразија загриженост за развојот на настаните и повикаа на компромис. Во земјата се планирани штрајкови и протести оваа недела.
