Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, сѐ повеќе пратеници му откажуваат лојалност

27.03.2023 09:37

Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, сѐ повеќе пратеници му откажуваат лојалност. Девет пратеници од СДС не подржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС има луѓе кои се свесни за штетните анационални политики на ова раководство. Дека Ковачевски нема поддршка од своите пратеници говори и фактот што не успеале заложбите да се направи документ дека сите пратеници ќе ги гласаат уставни измени како и тие да се формулирани, поради противење на горе споменатите пратеници, велат од партијата.

СДС и ДУИ се движат кон ќорсокак. Наместо Ковачевски да ја држи цела Македонија во заложништво, треба да го распушти Собранието и да одиме на предвремени парламентарни избори, стои во соопштението.