Култура
33 години од постоењето на Театарот за деца и младинци
27.03.2023 09:47
Годишнината ја одбележа со претставата „Палешка“, работена според мотивите од истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, во режија и драматизација на Давор Драгојевиќ.

Театарот за деца и младинци го одбележа своето 33 годишно постоење, како единствен национален театар со програма за деца и младинци.
Годишнината ја одбележа со претставата „Палешка“, работена според мотивите од истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, во режија и драматизација на Давор Драгојевиќ.
Формиран е со одлука на Владата на 2-ри февруари 1990-та година.
Пред повеќе од три декади, група вљубеници во театарот и професионалци поставија темели со кои е незамисливо детството и растењето на секое дете, велат од театарот.
*Фото: Театар за деца и младинци
