КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ
Северна Кореја истрела уште две балистички ракети со краток дострел
27.03.2023 09:50
Ракетите биле истрелани од северната провинција Хвангае и прелетале околу 370 километри, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија...

Jужнокорејската армија, тврди дека Северна Кореја истрела уште две балистички ракети со краток дострел. Ракетите биле истрелани од северната провинција Хвангае и прелетале околу 370 километри, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија.
Лансирањето се случува пред утрешното пристигнување на американскиот носач на авиони УСС Нимиц и придружните бродови, што ќе се стационираат во јужнокорејската база Бусан.
