Свет

Синдикатите започнаа сеопфатен штрајк во транспортот во Германија

27.03.2023 09:52

Синдикатите повикаа 350.000 вработени да престанат со работа 24 часа. Започнува третата рунда преговори меѓу работодавците и вработените во јавниот сектор...

Синдикатите започнаа сеопфатен штрајк во транспортот и повикаа 350.000 вработени да престанат со работа 24 часа. Во меѓувреме, започнува третата рунда преговори меѓу работодавците и вработените во јавниот сектор.

Нема да има патнички сообраќај на најголемиот германски аеродром во Франкфурт, како и во Минхен.