Три бањи наплаќале двојно и тројно поскапо за рехабилитација
Три бањи ги мамеле фондовските пациентите –им наплатувале двојно и тројно повеќе од предвидената сума за партиципација.

Катлановска бања, Дебарски бањи и Бања Банско фатени во измама. Им наплатувале двојно и тројно повеќе пари на пациентите за рехабилитација. Фондот бара да им ги вратат парите. Трите бањи им должат речиси 2 милиони евра на пациентите. Фондот бара за три месеци да им ги вратат парите.
Катлановска бања, Дебарски бањи и Бања Банско фатени во измама. По пријава на двајца пациенти Фондот за здравствено осигурување направил контрола на 4 бањи со кои има склучено договор за специјализирана медицинска рехабилитација. Трите бањи наместо по 4200 денари за период од 21 ден (сума за партиципација-другото го плаќа ФЗОМ), им наплаќале дополнително за користење на термоминералните води и за натстандардни услуги кои што пациентите не ги добиле. На пример во Катлановска бања на сите пациенти без исклучок им наплатувале како да спијат во еднокреветна соба , а всушност пациентите користеле дво креветни и трикреветни соби. Наместо по 4200 им наплатувале по 11 500 денари. Во Дербарски бањи на 80% од пациентите им наплатувале по 10 500 денари, а во Бања Банско на 40 % од луѓето што се лекувале им земале по 7300 денари неосновано. Само во Негорски бањи нема ваква злоупотреба. Оваа контрола на Фондот се однесува на 2013 година , а директорката Маја Парнарџиева Змејкова изјави дека можно е и во оваа година да се правени истите малверзации. Затоа Парнарџиева –Змејкова апелираше до сите пациенти кои што чуваат документација и фискални сметки за доказ да пријават во фондот ,но и да одат во бањите од кои користиле услуги за нереална цена да достават податоци за трансакциска сметка за да им ги вратат парите, без разлика од кој перид се. Бањите на сметка на пациентите заработиле вкупно 11 милиони денари. Директорката Парнарџиева-Змејкова најави дека во рок од три месеци сите три бањи се должни да им ги вратат парите на 2000 измамени пациенти. ,, Иако самото враќање на парите е доволно голема казна за нив, дополнително ќе бидат и парични казнети. Фондот за здравствено осигурување може да го раскине договорот со нив, а тоа не би им одговарало затоа што Фондот за овие услуги годишно им плаќа вкупно 70 милиони денари на четирите бањи - вели директорката Парнарџиева. Вакавиот потег на Фондот го смета за должност на една сериозна институција која што се грижи за пациентите.
Пензионерите коишто бесплатно користат услуги 7 дена, а ги плаќа државата, не спаѓаат во оваа категорија- нагласи Парнарџиева -Змејкова.
Соња Стојановска
