Франција

Француската премиерка ќе ја прими опозизцијата за да ја смири земјата

27.03.2023 10:00

Елизабет Борн ќе ги прими парламентарните групи и политичките партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компаниите...

Француската премиерка Елизабет Борн ќе ги прими парламентарните групи и политичките партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компаниите за да ја смири земјата. Отворена е и можноста за средба со синдикатите и стопанските организации следната недела, додаде таа.

Франција од 16-ти март ја тресат протести и насилство, кога без гласање во Националното собрание беше прифатена контроверзната реформа за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години.