Тирана
Пукано врз телевизијата „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето
27.03.2023 10:10
Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз „Топ чанел“, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот...
Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз „Топ чанел“, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.
Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.
Возило „Ренџ Ровер“, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.
