Попоски во Солун: Македонија ги исполни критериумите за почеток на преговорите
Министерот Никола Попоски после завршувањето на првата сесија даде изјава во која кажа дека тој потсетил на петте позитивни ивештаи за континуираниот напредок на нашата земја, за Хашката пресуда и посветеноста со која Македонија работи на реформскиот процес...

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, агендата на проширувањето и напредокот што го оствариле земјите кандидатки кон европското семејство, е темата на министерската конференција во Солун, на која шефовите на дипломатиите од земјите од Западен Балкан дискутираат за заедничките интереси како побрзо да се интегрираат во Унијата.
Министерот Никола Попоски после завршувањето на првата сесија даде изјава во која кажа дека тој потсетил на петте позитивни ивештаи за континуираниот напредок на нашата земја, за Хашката пресуда и посветеноста со која Македонија работи на реформскиот процес.
Попоски информираше дека немало можност за тет-а-тет средба со неговиот грчки колега Венизелос на првата работна сесија, но сепак јасно биле презентирани фактите за нашата земја.
„Токму поради тие опструкции кои произлегуваат од тука не сме во можност петта години по ред да ги одпочнеме преговорите. Сметаме дека е потребно да го гледаме интересот на Европската унија, а денешниот контекст треба уште повеќе да не мотивира да се вратиме на основната цел, а тоа е обединет и просперитетен Балкан“, изјави Попоски во Солун.
Освен министерот Венизелос, пораките од нашата земја можеше да ги слушне и еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Вториот дел од сесијата ќе се однесува за поврзување на земјите од Западен Балкан, како во патната така и во енергетската инфрастуктура.
Анита Димитријевска
