Образование

Сојузот на средношколци на средба во МОН за барањета за државната матура

27.03.2023 12:08

Ќе се разговара за четирите барања на матурантите за измени во полагањето на државната матура. На средбата не се повикани средношколците од организацијата ОДАС...

Претставници на Средношколскиот сојуз, предводени од претседателот Лука Павиќевиќ, денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, за да разговараат за барањата кои Генералното собрание на Сојузот ги усвои пред десет дена.

Ќе се разговара за четирите барања на матурантите за измени во полагањето на државната матура. На средбата не се повикани средношколците од организацијата ОДАС, потврди за МТВ претседателката Анисија Угриновска.

Сојузот на средношколци бара промена на соодносот на коефициенти за екстерните испити при упис, соодветни испити при упис, поместување на денот за првиот екстерен испит и материјалите за интерните испити и со прашања наставниците да ги споделат најдоцна четири недели, пред денот на испитот. Министерот Шаќири потврди дека измени ќе има во матурата, но засега не открива какви.