Почна изградбата на третата кула на „Џевахир Скај Сити“
Од компанијата информираат дека првите две кули ќе бидат подготвени за вселување на првите станари кон крајот на 2015 година...

Почна да се гради третата кула на „Џевахир Скај Сити“ во Скопје. Истата ќе има 344 станови на 40 ката.
„Досега е договорена продажбата на 60 станови. Сметаме дека ова е добра бројка. Веруваме како продолжуваме со градба, така ќе продолжи и продажбата. Има голем интерес. Денеска е продаден цел еден спрат и тоа најгорниот, шест стана на еден купувач“, изјави генералниот директор на Џевахир холдинг, Есер Џевахир.
Од компанијата информираат дека првите две кули ќе бидат подготвени за вселување на првите станари кон крајот на 2015 година, а комплетното завршување на целосниот „Џевахир Скај Сити“ комплекс се очекува да биде во 2017 година.
Инвестицијата е вредна 300 милиони евра.
