Руско - украински конфликт

Лавров: Обидитe да се изолира Русија на меѓународната сцена не успеаја

27.03.2023 15:14

Најавите за распоредување на руско нуклеарно тактичко оружје во Белорусија наидоа на остри реакции од Киев и Запад...

Најавите за распоредување на руско нуклеарно тактичко оружје во Белорусија наидоа на остри реакции од Киев и Запад. Украинските власти сметаат дека Минск е заложник на Москва, додека НАТО нагласи дека руската реторика e опасна и неодговорна.

„И покрај титанските напори на нашите непријатели, нивните обиди да ја изолираат Русија на меѓународната сцена не успеаја. Сосема е природно што околу три четвртини од државите во светот не се приклучија на антируски санкции. Сите тие зазедоа избалансирана позиција за ситуацијата во Украина“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Руските воени власти тврдат дека украинските сили гранатирале шест населби на брегот на Дњепар.