Министерот Шаќири прифатил дел од барањата на средношколците за полагањето матура
Министерот Шаќири прифатил дел од барањата на средношколците за полагањето на државната матура. Понудено е компромисно решение за олеснување во бодувањето, не е прифатено поместувањето на датумот за полагањето на првиот екстерен испит...

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци, се прифатливи за Министерството за образование и наука. Не е прифатено само барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит, а од ресорното министерство понудено е компромисно решение за олеснување во бодувањето.
Ова го соопшти претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, по средбата со министерот за образование Јетон Шаќири, по средбата со претставниците на Сојузот на средношколци, Шаќири на состанок и со претставниците на организацијата за дијалог и афирмација на средношколци и студенти. Тие имаат барање да се намали обемот на материјалот за полагање државна матура или намалување на бројот на интерни испити.
Од Министерството за образование и наука соопштија дека започнува процес на следење на кариерите на матурантите по дипломирањето. Системот е веќе креиран и поставен на посебен портал.
Марија Котовска
