Лога: Преамбулата е приоритет во делот на вметнување на помалите заедници во државата
Меѓу главните теми за кои медиумите изразија поголем интерес беа уставните измени и дијалогот со опозицијата за оваа тема и другите работни групи кои треба да се формираат за реформи...
Министерот за правда Кренар Лога одржа брифинг со новинарите на кој се разговараше за сите актуелни теми и процесите низ кои се очекува да помине земјава следниот период. Меѓу главните теми за кои медиумите изразија поголем интерес беа уставните измени и дијалогот со опозицијата за оваа тема и другите работни групи кои треба да се формираат за реформи.
Измена на преамбулата за внесување на Бугарите и други заедници во Уставот, надминување на вакуумот при оставка и избор на нов министер, вакуумот веќе распуштено Собрание да може да заседава за битни прашања, замена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“, министерот за правда по функција да не биде член на Судскиот совет, се само некои од предлозите кои министерот за правда Кренар Лога смета дека во пакет треба да бидат донесени со отворањето на Уставот.
