Панел-дискусија: „Дискриминација скриена во екранот-еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“
Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ на Министерството за труд и социјална политика, денеска се одржа панел-дискусија насловена „Дискриминација скриена во екранот-еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“, на која зборуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Боро Јакимовски, комуникологот Бојан Кордалов и Деспина Жупан, сопственичка на маркетинг компанија...

Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ на Министерството за труд и социјална политика, денеска се одржа панел-дискусија насловена „Дискриминација скриена во екранот-еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“, на која зборуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Боро Јакимовски, комуникологот Бојан Кордалов и Деспина Жупан, сопственичка на маркетинг компанија. Младите студенти и вработени во ИТ секторот, имаа можност да ја следат панел дискусијата и онлајн на социјалните мрежи.
Тренчевска посочи дека, дека во време кога е особено развиена технологијата и информациите брзо се шират сведоци сме на злоупотреба на интернетот и дигиталните технологии за комуникација, за насилство врз жените, говор на омраза, сексизам, злоупотреба на фотографии и видеа и нивно фалсификување.
