МЗШВ дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот
Би сакале да нагласиме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за производството и согласно тоа се креираат мерките на Министерството за поддршка на домашното производство...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подготви до Министерството за економија и достави анализа на цените за земјоделските производи на овошје и зеленчук.
Би сакале да нагласиме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за производството и согласно тоа се креираат мерките на Министерството за поддршка на домашното производство.
Притоа следиме два параметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на производствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информативен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи.
Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напомниме дека цената на пазарот е значително повисока од цената којашто ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот, бидејќи таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.
Сепак врз основа на сите параметри крајната одлука по ова прашање ја има министерството за економија, стои во соопштението од МЗШВ.
