Македонија

Австрискиот претседател Алексанандар ван дер Белен во дводневна посета на земјава

28.03.2023 08:27

Денес ќе го посети Охрид а утре ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски. Ван дер Белен ќе се обрати и пред пратениците во законодавниот дом...

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен денес и утре во официјална посета на Македонија. Денес ќе го посети Охрид а утре ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски. Ван дер Белен ќе се обрати и пред пратениците во законодавниот дом.

Како што информираат од МВР, поради официјалната посета на нашата држава на австрискиот претседател, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.