Собрание

Во Собранието седница за пратенички прашања

28.03.2023 08:51

Седница за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот. Како што информираат од Собранието, седницата се одржува денес на барање на Владата...

Во Собранието денеска ќе се одржи седница за пратенички прашања. Седница за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот. Како што информираат од Собранието, седницата се одржува денес на барање на Владата. Почетокот на денешната седница е закажан за 11 часот.

Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ во 11:30 часот ќе има средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава Килијан Вал.

Во Собранието денеска ќе се одржи и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени, позната како „Зелена група“, на која ќе се расправа за формирање на работна група за креирање законски решенија за решавање на проблемот со бездомните животни.