АВМУ
Прв јавен состанок на АВМУ за 2023 година
28.03.2023 09:02
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска во своите простории ќе го одржи првиот јавен состанок за 2023 година, на кој ќе биде презентиран извештајот за реализираните активности во првиот квартал од оваа година...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска во своите простории ќе го одржи првиот јавен состанок за 2023 година, на кој ќе биде презентиран извештајот за реализираните активности во првиот квартал од оваа година.
Како што соопштуваат од АВМУ, на состанокот ќе бидат претставени и наодите од Анализите на родовите прашања и начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во забавните програми на радиодифузерите во 2022 година, по што е предвидеа панел-дискусија.
