Протест

Вработените во Министерството за култура трет ден на протест

28.03.2023 09:17

Трет ден вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм ќе протестираат барајќи повисоки плати и потпишување нов колективен договор...

Трет ден вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм ќе протестираат барајќи повисоки плати и потпишување нов колективен договор.

Протестот започна во петокот, а продолжи вчера пред Министерството за финансии каде што тие побараа средба со министерот Фатмир Бесими. Денеска, пак, протестот ќе се одржи пред Владата.