Израел: Постигнат договор, судската реформа одложена
Нетанјаху ги одложува судските реформи до следната седница на Парламентот со цел да се постигне широк консензус. Протестите продолжуваат и покрај ваквиот потег на израелскиот премиер...

Израелската полиција употреби шок бомби и водени топови за да ги растера демонстрантите во Тел Авив за време на протестите против судските реформи, коишто ја предизвикаа најтешката домашна криза во земјата во последните години. Како чекор кон зачувување на мирот, израелскиот премиер, Нетанјаху го одложи усвојувањето на законот до јули.
„Граѓанска војна не смее да има. Поради чувство на национална одговорност, од волја да спречам раздор меѓу нашиот народ, решив да го паузирам второто и третото читање на законот“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Во израелските градови, на следната седница на владата ќе биде одобрено формирање национална гарда под покровителство на министерството за национална безбедност. Најавата доаѓа кога десетици илјади десничарски израелци се собраа од целата земја на протести во корист на судските реформи.
