Култура

Детската балетска претстава „Петар Пан“ во Националната опера и балет

28.03.2023 09:53

Сценариото и песните за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, костимите се на Елена Вангеловска, а сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски-Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во Националната опера и балет на 31-ви март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава „Петар Пан“ во режија и кореографија на Ирена Лозинска. Поради огромниот интерес се најавуваат уште уште две претстави, веќе следниот ден, во сабота, на 1-ви април.

Сценариото и песните за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, костимите се на Елена Вангеловска, а сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски-Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во спектаклот учествуваат и 56 деца од балетското студио „Арт балет“. Гости на балетската претстава се Веселин Трајковски и Николас Алехандре Хоурсеау.