Украина
Руски дронови го нападнаа Киев, леталата соборени
28.03.2023 09:54
Украинската противвоздушна одбрана тврди дека успеала да собори 12 руски дронови во близина на Киев...

Украинската противвоздушна одбрана тврди дека успеала да собори 12 руски дронови во близина на Киев. Остатоците од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина во нестанбена зграда. Според прелиминарните извештаи, нема жртви.
Руски ракетирања се регистрирани и во Славјанск, а експлозии одекнаа и во Дњепар. Воената помош од Германија пристигна во Украина. Испорачани се 18 тенкови леопард-2 како и 40 борбени пешадиски возила „Мардер“.
