Инцидентот од Нешвил детално испланиран
Поранешната ученичка, која во училиштето уби шест луѓе детално го испланирала нападот. Таа имала нацртано мапа од училиштето со влезни точки и извесно време ја набљудувала заградата...

Поранешната ученичка, која во училиштето уби шест луѓе детално го испланирала нападот. 28-годишната Одри Хејл е напаѓачката, која усмрти три 9-годишии деца и тројца возрасни во приватното христијанско училиште во Нешвил, Тенеси. Според полицијата, таа имала нацртано мапа од училиштето со влезни точки и извесно време ја набљудувала заградата. Осуда за трагичниот настан стигна од Бајден.
„Тоа е одвратно. Тоа ја кине душата на нашата нација. Повторно дојде време да направиме поголем напредок во регулирањето на огненото оружје“, рече американскиот претседател, Џо Бајден.
Според полицијата, осомничената немала претходно криминално досие, а најмалку две од оружјата што ги користела, биле легално набавени. Хејл беше убиена за време на престрелката со полицијата.
