Обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ вечерва на сцената на НОБ
Претставата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Украинката Тетјана Белецка, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски, известуваат од НОБ.

На големата сцена на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. Втората изведба е закажана за 12 април, известуваат од НОБ. Премиерно, балетската претстава се одржала во 2011 година во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“.
Претставата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Украинката Тетјана Белецка, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски, известуваат од НОБ.
Во главните улоги вечерва ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
Безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер, велат од НОБ.
*Фото: Национална опера и балет
