Франција
Продолжуваат протестите против пензиските реформи во Франција
28.03.2023 10:59
Полицијата предупредува дека постои сериозен ризик од ново насилство на улиците...

Нови штрајкови и протести ширум Франција против пензиските реформи на Макрон. Полицијата предупредува дека постои сериозен ризик од ново насилство на улиците. Распоредени се околу 13.000 полицајци. Возовите и летовите ќе бидат во прекин, а дел од училишта ќе бидат затворени.
Најмалку шест од седумте рафинерии во Франција вчера беа затворени, а терминалите за течен природен гас блокирани. Владата тврди дека законот за пензиите е од витално значење за да обезбеди функционирање на системот.
Синдикатите бараат од Макрон да го повлече нацрт-законот, кој е усвоен, но сè уште не е објавен со цел да се смири ситуацијата.
