7% од активните осигуреници немаат поднесено барање за електронска здравствена картичка
08.05.2014 16:52
Фондот за здравствено осигурување досега има издадено 1 249 020 здравсвтени картички .Барање немаат поднесено околу 120 илјади осигуреници

Процесот на издавање на електронски здравствени картички треба да заврши до јуни годинава, а 119 506 осигуреници се уште немаат поднесено барање за кое крајниот рок беше декември 2013 година. Во моментов во подрачните служби на ФЗОМ се врши распределба на 181 527 електронски здравсвтени картички. Доставени за печатење или во процес на обработка се 169 019 картички.
Од вкупно 1 719 072 активни осигуреници, до крајот на април се издадени 1 249 020 ЕЗК. Веќе не се печатат сини картони за кои Фондот месечно трошеше по 10 илјади евра.
Соња Стојановска
