Политика

Отворањето на Уставот да не се оптоварува со други политички прашања, порачува Османи

28.03.2023 12:52

Деновиве треба да се формира експертската група којашто треба да го подготви текстот за внесување на бугарите во Преамбулата. Од Комисијата за употреба на историските имиња, пак, се чека извештај дали бугарскиот клуб може да го користи името „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда, Лога, ќе треба да донесе соодветно решение...

Треба да се концентрираме на уставните измени поврзани со продолжување на преговорите со Европската унија, став на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Тврди, измените ќе биле симболични и целосно технички, немало да имаат политички последици, ниту биле закана за државата.

Во однос на бугарските клубови во Македонија, Османи со став, треба да има постојана комуникација со бугарската заедница, односно, малцинство, со цел да им се објасни дека иницијативите на отворање клубови со провокативни имиња, најмногу им наштетуваат нив и на нивните напори да бидат почитувани и интегрирани во општеството.

Реакцијата на Бугарија во однос на случајот со Пендиков беше асиметрична, обвинувајќи не како држава за системска дискриминација и напад, вели Османи. Додава, за нас беше важно да докажеме дека како држава не поддржуваме такви напади, особено на етничка основа.

 

Марија Котовска